Владата го осудив палењето на возила пред бугарската амбасада, а веднаш беше обезбедено лицето кое што е сторител на овој кривично-правен чин.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање вели дека лицето кое палеше возила е обезбедено, се проверува со кого имал комуникација.

-Трае распитот, одземени се уредите за комуникација, да видиме со кого имал комуникација, која е содржината на таа комуникација. Јас не би брзал со било какви квалификации од страна на нашиот источен сосед, но она што сакам да го кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада и во рамките на законските ингеренции кои ги имаме, ние така и ќе постапиме. Очекувам дека ќе биде расветлено сето она кое што е во позадина на овој случај, рече премиерот.