Денеска е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога, се истакнува во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Тоа е подвиг кој треба да ги победи човечките слабости, суетата, грешките кои неминовно се прават. Во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам, вели Мицкоски.
Човечки и исправно е, додава Мицкоски, да се побара прошка од оние кои му значат на човека.
– Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печелат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност. Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина!- се вели во честитката на Мицкоски.