МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ: А што си зборувал со Ковачевски, со Китанов, со Филипче, со Дончев… ќе откриеш?

/ 13.08.2019

По признавањето на Зоран Заев дека градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за судските одлуки и за однесувањето на членовите на судскиот совет избрани од парламентот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го запраша Заев да открие што зборувал со Васко Ковачевски, Китанов, Филипче, Дан Дончев и Киче.

-… а Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола за што разговараше?
… а Китанов за експресниот пат Штип-Радовиш за што разговараше?
… а Филипче за тендерот за стерилизација во Италија за што разговараше?
… а вие господине Зоран Заев со ДАН Дончев и Киче за оние 11.000.000€ се сеќавате од Диамед за што разговаравте?

ПС: ќе има уште прашања во периодот кој следи…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 


Од истата категорија