Денес навршуваат три години од немилите настани во Диво Насеље Кумановско.  Три години на болка и за семејствата на хероите кои ги положија своите животи во одбрана на нашата татковина, но и три години паметник за нивниот херојски подвиг во кој се пресметаа со една од најопасните криминално терористички банди на овие простори положувајќи ги своите животи, истакна во своето видео обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Македонија не смее и нема да ги заборави. Ова се нашите современи херои.

  • Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од Брвеница
  • Ненад Серафимовски од Зубовце
  • Бобан Ивановиќ од Стајковци
  • Горан Илијевски од  Гостивар
  • Исамедин Османи од Студеничани
  • Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје
  • Горан Стојменовиќ од Миладиновци

Ова се луѓето кои ги положија животите за нашата слобода и мир. Нивното, како и делото на сите полицајци и одбрамбени сили кои учествуваа во таа акција ја имаат мојата највисока почит, нагласи партискиот лидер.

Мицкоски во своето видео обраќање посочи дека правдата мора да биде задоволена.

-Било кое селфи и смеење на местото каде полицајците ги загубија своите животи, иницијатива за меѓународна арбитража која се почесто се споменува, или пак политички договор за работи кои се јасни и многу прецизни, и каде веќе има утврдена вина и одговорност се тенденциозно нарушување на јасната слика дека криминалот, тероризмот и насилството мора да бидат казнети и тука не смее да има компромиси. Државата, особено владата треба да ја обезбеди неопходната грижа и поддршка на семејствата на загинатите припадници на полицијата. Херојското дело на оние кои со своите животи ја бранеа државата Република Македонија не обврзува сите нас како генерација политичари да ја градиме државата во мир кој е скапо платен, и да обезбедиме шанси за еднаков развој и просперитет на сите нејзини граѓани, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој истакнува дека овие луѓе го одбраниле соживотот во државата ставајќи го својот живот пред олтарот на слободата која сега ја живееме. Нека им е вечна слава!

Видео обраќање

Полицајците кои ги загубија животите во Диво Насеље ја имаат мојата највисока почит, тоа се нашите современи херои.

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 9. Mai 2018