Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му одговори на минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на коментарот дека многу се детски размислувањата на опозицијата, односно оградувањето на Мицкоски од Мијалков.

Денес да го повикувате човекот кој те поставил да бидеш на позиција на власт преку делегати, кој што ги контролира и денес викате мене не ми треба помош од криминалците, истакна министерот.

На ова Мицкоски кусо одговори:

-Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на работа, денес немаше да бидеме први по криминал и корупција на Балканот, хибриден режим и последни по раст на економијата и инвестициите.
Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне… А после, ветувам дека нема ОЈО да ги доставува решенијата за притвор, туку како што е редот, судот!