Денес сме во Општина Струмица, каде што ќе го почнам материјалот „Ветено, неисполнето“ на Зоран Заев и СДСМ. Тука се наоѓаме пред зоната Сачево, која што беше ветена од страна на Зоран Заев пред многу години. Беше ветено и дека тука ќе бидат изградени 16 фабрики и дека ќе се вработат до 2.500 граѓани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на зоната Сачево во Струмица и додаде:

„Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, ниту една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат. Така што ние денеска ќе ја продолжиме нашата посета во Струмица, ќе имаме можност да поразговараме со жителите од Општина Струмица но и со околните општини кои што гравитираат на Општина Струмица.“

Мицкоски потенцираше дека од она што може да се види е дека во Република Македонија денеска и во секојдневие граѓаните живеат лошо, а истите се жалат на лошата економска ситуација.