Хрситијан Мицкоски на телевизија Плус за време на посетата на Куманово, меѓудругото го истакна и следното:

-Нема град, нема село каде не наидовме на суштински проблеми. И за ова треба да зборуваме со чесна мисла, зошто се ова не е само од изминатите три години, туку се провлекува подолго, посочи Мицкоски.

Во контекст пак на процесот кон ЕУ според него, Македонија ги заврши сите обврски за ЕУ, односно сите обврски каде учествуваше опозицијата и можеше да биде од процесот.

-Иако бевме со лимитарни ресурси за време на кампањата за претседателските избори, имаше политички прогон, замрзнат имот нелегално, го имавме најдобриот кандидат кој се кандидирал за претседател на државата. Потоа ги поддржавме реформските закони во парламентот, одоговорот на тоа што дадовме поддршка беше апсење на луѓе од Центарлниот и Извршниот комитет. По сето ова следеше корупцискиот скандал Рекет, иако се води така како што се води, дадовме шанса на процесот и патот кон ЕУ лобиравме до нашите сестрински партии и ние како опозиција исполнивме се за да следи позитивен одговор за датум за преговорори со Брисел, изјави Мицкоски.

Но, она што тие требаше да го направи Владата како реформи не се случи.

-За жал зошто не можеа да го сменат својот арамиски, коруптивен карактер и тука не зборам тука само за Зоран Заев, туку за многу други луѓе следеше негативен одговор. Јас во Куманово можев да слушнам дека Куманово е деспотија на Оливер Спасовски. За ова сведочат кумановчани. Слично е и во други градови. Но, овие во Европа не даваат концесија кон вас и ги гледаат работите објективно и врз основа на тоа носат заклучок. И затоа Македонија доби одговор НЕ за преговори, укажа Мицкоски.