МИЦКОСКИ: Не може да го терате народот да јаде леб и сол, а вие да се возите во бентли

/ 26.11.2019

Некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот „Рекет“ истакна вечерва Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце:

-Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил за слуачајот Рекет од Владата, тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро, ако е тоа така, а е така тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски, од Владата. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на оние осомничени 4-ца. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, тоа не важи, вели Мицкоски.

Што се однесува до Заев, Мицкоски истакна:

-Не може да ги купите луѓето со 500 денара плус. Нашиот народ е горделив народ. Нашиот народ е умен и искусен народ. Ќе видите што ќе му се случи на Заев на 12 април, каков дебакал ќе доживеат овие политики. Ова не е политика. Народот сака стратегија, визија и сигурност. Јас сум убеден дека искрен политичар да излезе и да каже луѓе толку време ќе седиме заедно и ќе јадеме леб и сол ама после тоа ќе биде подобро и ако навистина ве видат дека заедно со нив јадете леб и сол тие ќе го чекаат денот кога ќе биде подобро. Ама не може вие да го терате народот да јаде леб и сол а вие да се возите во бентли и да уживате во хедонизам. Не може тоа е нечесно, посочи Мицкоски.

Тој посочи и на злоупотребата на масакрот кај Смиљковско Езеро и на убиството на Мартин Нешковски:

-Злоупотребуваа човечки судбини ќе ве потсетам, клечеше во домовите на оние невини дечиња кај родителите од Смилковско. Клечеше во домот кај Нешковски и ветуваше дека ќе ја истерал правдината. Која е правдината? За која правдина зборуваше? Што ги пушти злосторниците од затвор, да ги бараме по светов, па денеска не можеме да ги најдеме, бегаат како гулаби преку граница. Што зборуваме која правда, запраша тој.

 


Од истата категорија