ВМРО-ДПМНЕ одржа протестен марш во Кавадарци, На истиот се обрати партискиот лидер Христијан Мицкоски и порача пред граѓаните дека следува тежок период.
Рече дека следува период во кој премиерот ќе кажува дека Северна или Горна Македонија било сеедно.
-Тоа е исто како да кажете денот е ноќ, а црното бело, како да кажете крвописот во Ваташа не постоел, а таму токму за тоа име згаснале 12 млади животи. Слава нека им е, тие згаснале за ова име. Како да ги помножите со нула што за оваа земја се бореле и кавадарчаните Јованче Велков, Иванче Минчев, Јанаќи Ќурчиев и Пане Иванов кои и го формирале првиот комитет на ВМРО после солунскиот, и пред чија спомен плоча го држиме и денешниот митинг. Затоа стојам гордо пред вас и ви велам дека оаа битка нема да биде лесна. За оваа битка мора да сме подготвени , мора да сме мудри, трпеливи. Паралелно додека ја водиме битката потребно е да ја креираме програмата која што ќе значи одговор на проблемите на нашите сограѓани, истакна Мицкоски.
Вели дека изборот е помеѓу две опции: спас на кариерата на Заев или битката за Македонија.
-Јас ја избрав втората, а гледам и вие сте ја избрале. Во таа борба ние ја одбираме Македонија.
Погледнете ја фотогалеријата од денешниот протестен марш во Кавадарци.