Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска претстојува меѓу Македонците во Албанија, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој.
Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца.
– Денеска остварив средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија, објави Мицкоски на својот официјален профил на Фејсбук.
Македонците во Албанија, додава Мицкоски, се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.
– Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка, порача македонскиот премиер Мицкоски.
Објавата може да ја погледнете ТУКА.












