Покана да говори во грчкиот Парламент преку видеоконференција, упатил премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис до претседателот на Украина Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, датумот на говорот ќе се одреди во следниот период по дипломатски пат.

Во телефонскиот разговор, Зеленски му го честитал на Мицотакис денешниот национален празник на Грција, а грчкиот премиер се осврнал на поврзаноста на Одеса со историјата на хеленизмот и почетокот на грчкото востание.