Дефанзивецот на Норвич, Бен Годфри може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Калчомеркато“.

Според изворот, за 22-годишниот Англичанец се заинтересирани Милан и Наполи.

Агентот на играчот веќе се сретнал со претставници на миланскиот клуб. Неаполитанците го гледаат Годфри како алтернатива за дефанзивецот на Лил, Габриел.

Минатата сезона Годфри одигра 33 натпревари на сите турнири, заработи три жолти картони и еден црвен.