Вкупно 58.560.000 денари му биле украдени на жител на скопската населба Нерези, откако крадец кој влегол преку прозорецот на неговата тераса успеал да украде 800.000 евра, 60.000 долари, 50.000 франци и еден милион денари.

Според полицискиот извештај кражбата се случила вчера во периодот од 19.30 до 21.00 часот.

Парите биле спакувани во хартиени кеси, а крадецот ги пронашол во дневната соба на сопственикот. Полицијата трага по сторителот.