Новинари открија дека Габриел и Елвис Бајрам во магацин од ГТЦ имаат голема „графичка фарма“ за копање на биткоини, со многу компјутери кои трошат многу струја на ден, а „копаат“ до 1М€ месечно, објави пратеникот Антонио Милошоски.
– Струјата е на ГТЦ, платена заеднички од сите 300 дуќанџии во трговскиот. Но, Габриел Бајрам е советник од листата на СДСМ во Град Скопје, а сопругата на Сашо Тасевски Директорот на БЈБ (МВР) е Претседател на одборот на директори на ГТЦ. Истата е и координатор на форум на жени на СДСМ Кисела Вода. Директорот на ГТЦ е истакнат активист на СДСМ во Скопје, вклучен во кампањата на поразениот Шилегов. Затоа нема да има ни истрага, ни обвинение за овој скандал. Сметките за нелегално потрошената струја ќе ги платат граѓаните и сопствениците на приватните дуќани во ГТЦ, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Милошоски на својата Фејсбук страница.
Вчера повеќе медиуми објавија дека во ГТЦ врие од полиција, а потоа стигна соопштение дека таму „се било легално“ и полицијата се повлече.