После независноста прв мултилатерален договор склучени на македонски и англиски јазик е Меморандумот за разбирање потпишан со UNHCR на 3 ноември 1994 година, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, потсетува Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека договорни страни во овој меморандум се Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, а означувањето на двата јазици на договорот е сосема нормална работа.

– Неспособната влада на Ковачевски денес од нормална работа да се потпише договор на македонски прави театар, во обид да ја покрие галопирачката инфлација и честите национални понижувања за кои владата има најголема одговорност, пишува Милошоски.