Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска трчаше на Скопски маратон и се пофали на солиден резултат.

– Со истрчани 21 километар за 1час и 47 минути финиширав на денешниот маратон #WizzAirSkopski Maraton. Пријателска, натпреварувачка и позитивна атмосфера, а поддршката од громогласните навивачи допринесоа денот да биде уште поубав. Честитики до сите учесници и одличната организација, напиша Николовски.