Целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, соопштија од Министерството.

-Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

На јавноста, како што посочуваат, ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по напуштањето на Македонија на поранешниот премиер Никола Груевски – уште минатата година, има испратено барање за негова екстрадиција и истото е одбиено.

– Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски, соопштија од Министерство за правда.