Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од екс министерката на СДСМ, Славјанка Петровска, кажа дека додека таа била министерка во ек на избори договорот за хеликоптерите со италијанската компанија „Леонардо бил зголемен за неверојатни 37 милиони евра.

-Со ЛЕОНРДО го заглавивте македонскиот буџет, дали ви е тоа јасно?! Дали знаете дека со овој договор буџетот го заглавивте во наредните три години. Дали знаете дека има допис од началникот на генералштаб којшто вели, дека поради тоа сте ја нарушиле борбената готовност на армијата? Дали тоа го знаете или не? Јас за ова ќе ви доставам факти и аргументи, вие погледнете ги… но има една реалност. Реално е дека ќе има многу нови проекти, моментално се проектираат многу нови капацитети и тоа набрзо ќе го видите. Во секоја касарна ќе има нов обијект, дали вие имате направено ново ТРЦ? Не! Само се договоривте со некои за ДУП да помине итн. Единствен проект којшто го имавте е со „ДАЛМА“  за јадењето, каде што за жал заврши така како што заврши, истакна Мисајловски.

Мисајловски од собраниската говорница и порача на македонската јавност дека тој лично ќе се бори за поголеми плати и нема да носам колективен договор и да побегнам. Тој и порача на Петровска дека не оставила ни денар во буџетот.

-Дали вие како министерка одевте по касарните, знаете ли дека во касарната во Кичево немаше кров?! -рече Мисајловски.

Тој и порача на Петровска дека во иднина ќе мора да даде одговори на неколку прашања.

-Дали спротивно на закон имате договорено со компанија во сајбер делот, во Воена Академија без јавна набавка договор со компанија очи во очи? И ова е извештај од ДЗР. Како и дали во истиов овој договр еден поранешен премиер бил посредник? Праша министерот за одбрана, Мисајловски.