Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на сите граѓани, припадници на Армијата, вработените во Министерството за одбрана им го честита големиот празник „2ри Август – Илинден“.

„Симболот на нашиот непокор, на нашата одлучност да живееме слободно во мир и заедништво е нашиот најголем празник Илинден. Илинден е нашиот темел за независност. Аманетот на нашите херои од Илинденското востание и од Народноослободителната војска, е водилка која мораме да ја следиме и да создадеме просперитетна иднина за нашите деца“.

Вистинска и искрена почит кон нашите Илинденци ќе покажеме само ако сите ние, од различни етнички групи, од различна верска припадност, вистински се обединиме и заеднички вложиме максимален напор, сплотени, да го исполниме заветот и да го осветлиме нашиот пат“

„Борбата продолжува“

Нека ни е честит Денот на Републиката – 2ри Август, Илинден!“

 

По повод денешниот празник „2ри Август, Илинден“, министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, на европски прашања, и на јавна администрација, Цветан Трипуновски, Орхан Муртезани и Горан Минчев положија венец со свежо цвеќе во Меморијалниот центар посветен на Првото заседание на АСНОМ во Пелинце. Венец со свежо цвеќе положи и началникот Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата по повод денешниот празник положија венци со свежо цвеќе на спомен обележјата на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“, споменикот на „АСНОМ“ и пред споменикот на Никола Карев пред македонското собрание во Скопје и на гробот на Никола Карев, споменикот „Слива“ и на Мечкин Камен во Крушево.