Кинеската мисија во Европската унија соопшти дека НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесува Кинеското меѓународно радио, повикувајќи се на соопштението на Мисијата објавено во Њузвик.

Кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија, истакна дека од почетокот на украинската криза, Кина секогаш одржува објективен и правичен став, остана посветена на промовирање на мировните разговори и направи позитивни напори кон деескалација на ситуацијата.

Во соопштението се наведува дека она што го направила Кина е спротивно на обидите да се разгорува оган и да се долее масло на огнот, како што прават некои организации, бидејќи е добро познато дека НАТО испрати оружје во Украина по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Кинеската мисија во ЕУ оценува дека НАТО е остаток од Студената војна и дека не само што не размислува за својата улога како таква, туку продолжи да го шири својот географски обем и опсег на операции и сè повеќе ја таргетира Кина.

– Ова е сериозен предизвик со кој се соочуваат глобалниот мир и стабилноста, се додава во соопштението на Мисијата.