Бројот на мртвите рудари од свлечиштето во рудник за жад во Мјанмар се зголеми на 110, изјави пратеник, јави ДПА

Би-Би-Си претходно јави за 50 загинати рудари, навестувајќи дека во несреќата има повеќе настрадни и дека тие се затрупани.

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.

Мјанмар се смета за еден од најголемите производители на жад во светот, но во нивните рудници често пати доаѓа до несреќи.