Македонија во декември ќе биде домаќин за завршниот Самит на ОБСЕ како земја претседавач. Во салата „Борис Трајковски“ ќе дојдат високи гости, а таа цел во арената се прават подготовки и адаптација. Преуредувањето на салата го прави омилената фирма на ДУИ Еуровиа“ за 1,8 милиони евра.
Покрај тоа, Министерството за надворешни работи ќе плати 960 илјади евра за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји, Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје.
Имено, превозот на министрите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи декември во Скопје ќе чини 59.000.000 денари.
На сајтот за јавни набавки е објавен милионскиот договор кој е склучен во два дела. Привата сума е 56.640.000 денари или речиси еден милион евра е во времетрање од четири месеци, и набавката се прави исклучително за потребите на самиот на ОБСЕ, а вториот дел од договорот е речиси 40 илјади евра (2.360.000,00 денари ) и ќе трае една година за редовните потреби на министерството .
Договорот е склучен по критериум на најниска цена, а само еден понуувач се јавил на тендерот.
Во поголемиот договор склучен со АБЦ Рент а кар пишува дека ќе бидат изнајмени вкупно 175 возила кои ќе се користат 7 до 8 дена. Ќе се плаќа 19.200 денари на ден без ДДВ за мини комбиња за 8 патници и минубиси за 20 патници, па се до 29.000 денари на ден за ВИП моторно возило кое треба да ги има следниве многу специфични перформанси – минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 сантиметрикубни и моќност од најамлку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година.
Од друга страна, на пример, возилат од марката Пасат или Суперб, кои ги користат владините функционери, според официјалниот ценовник што може да се најде на страната на компнијата, се од 94 до 154 евра дневно, во зависност од времето на изнајмување.
Организацијата на конференцијата на која треба да гостуваат 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации ќе го чини буџетот 5 милиони евра.
Од нив 1,8 одат кај Еуровиа, фирмата која се појавува како еден од главните донатори на партијата ДУИ за да ја потготви салата Борис Трајкоски, а дури 120 илјади евра одат за агенцијата Рејтинг за промоција и стратешки комуникации, а со останатите 3 милиони евра треба да се обезбеди хотелско сместување и вип превоз за министрите и делегациите.
Министерството за надворешни работи не гледаше ништо спорно во ова а првиот дипломат токму за возилата кажа дека ќе се бара спонзорство или помош од други држави, но очигледно ништо од тоа .
На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците“, рече Бујар Османи на почетокот на годинава на 04.01.2023
Она што интересно во договорот е дека возилата не смеат да бидат со повеќе од 200.000 километри.
„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.
Нејасно е зошто МНР се одлучило да изнајми возило со речиси 200.000 поминати километри, кога за речиси милион евра може да се купат триесетина солидни нови возила кои чинат околу 30.000 евра.