Согласно планот за реформа на основното образование кој се спроведува етапно, годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што се изработени нови наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО),  доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение.

-Со учебниците за трето сме во понапредна фаза на изработка и одобрување, споредбено со оние за шесто одделение, a очекуваме сите учебници во овие две одделенија да бидат одобрени и испорачани набрзо по стартот на новата учебна година. Дотогаш ќе се користат помошни материјали кои ги изработува БРО и ќе бидат достапни во електронска форма. Тие ќе помогнат во постигнување на резултатите од учење кои се определени во секоја тема од наставните програми, велат за МИА од Министерството за образование и наука.

Оттаму посочуваат дека учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои наставните програми беа креирани во минатите две години, ќе ја почнат новата учебна година со нови учебници по сите предмети. Исклучок ќе биде учебникот по Историја  и општество за петто одделение кој беше повлечен од употреба поради потребата од технички исправки и корекции на одредени содржини со неточни податоци. По овој предмет ќе има помошен материјал по кој ќе се изучува материјата додека не се изработи и достави учебникот.

Во седмо, осмо и деветто одделение ќе се користат веќе одобрените учебници од изминатите години, а тиражот ќе биде надополнет со новоиспечатени комплети во број колку што самите училишта пријавиле во текот на мај.

На конкурсот за ангажирање надворешни соработници во Бирото за развој на образованието за изработка на наставни програми, согласно со наставниот план од новата Концепција за основно образован

Дигитална верзија ќе добијат сите учебници од четврто и погорните одделенија во основното образование и процесот на дигитализација ќе се одвива етапно. Годинава МОН работи на дигитализација на учебниците за четврто, петто и шесто одделение. Тие ќе бидат прикачени на посебен портал кој е во фаза на изработка и учениците и наставниците со кликање ќе може да ги симнуваат и да ги користат доколку им е полесно учењето од дигитални учебници.

Во однос на доцнењето на учебниците минатата учебна година, кои учениците ги добија на крајот од првото полугодие и дотогаш користеа материјали за учење со разработени содржини од предвидената наставна програма, МОН укажува дека постапката за изработка и одобрување учебници, која е уредена со Законот за учебници во основното и средното образование, е сложен процес кој може да потрае и неколку месеци.

-Затоа се случува тој, за одреден предмет, да не се заокружи пред почетокот на нова учебна година. Тоа е така поради разни причини, се случува за предметот да нема интерес за доставување ракописи од автори и потоа целиот процес мора да се повтори. Се случува и да се достават ракописи за кои рецензентските комисии ќе побараат извесни корекции по кои авторите мора да постапат, што исто така го пролонгира завршувањето на постапката. Проблем настанува и во немањето рецензенти кои ја имаат клучната улога во давање мислење за ракописите. Потоа следува разгледување и одобрување од Националната комисија за учебници, па техничко уредување, печатење и испорака, велат од МОН за МИА.

Изборот на наставници во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) е извршен согласно критериуми за избор на стручни лица и само еден од наставниците кои досега беа ангажирани во училиштето

Од МОН посочија и дека навремено ги спроведуваат сите постапки за изработка и одобрувања на учебниците и секогаш согласно законот и роковите.

-Сите заедно, со другите надлежни институции, органи и тела, правиме максимални напори за учениците да го имаат основното средство за совладување на наставната материја по секој предмет и новата учебна година ќе биде значително поподготвена во однос на минатите. Подготвителните активности за успешен старт на новата учебна година се интензивираат и учениците, родителите и наставниците треба да бидат спокојни и ослободени од грижите кои ги имаа во изминатите години од аспект на обезбедени учебници, наставни и нагледни средства, услови за настава и слично, додаваат од МОН.