Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, го спореди Хјун-Мин Сон со бразилската легенда Роналдо по вчерашниот настап на репрезентатвецот на Јужна Кореја.

При резултат 2:0 за „петлите“, Сон ја зеде топката пред сопствениот шеснаесетник, а потоа за секунди го помина целиот терен, се справи со шест ривалски играчи и шутираше покрај Поуп за 3:0.

– Дури и пред тој гол, син ми го нарекуваше Соналдо, Соналдо Назарио. Единствено што ми падна на памет беше кога ја имав честа да седам на клупата до Сер Боби Робсон. Натпреварот беше помеѓу Компостела и Барселона во 1996 година. Тогаш Роналдо Назарио ја зеде топката од својата половина и постигна гол многу сличен како тој на Сон. Неверојатен гол. Вчера се сретнав и со родителите на Сон. Момчето е одлично. Јас сум многу среќен“, изјави Мурињо.