Девојче било физички нападнато околу 13.15 часот кај транспортниот ценат во Скопје во текот на вчерашниот ден, информираат од Министерството за внатрешни работи за Прес 24.

Таткото вечерта, случајот го пријавил во полиција.

„На 04.04.2023 во 19.15 часот во СВР Скопје, Б.Д.(48) од Скопје, пријавил дека околу 13.15 часот кај транспортниот центар во Скопје неговата ќерка била физички нападната од О.И. од с.Студеничани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ни изјавија од МВР.