Едно лице е тешко повредено синоќа во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај село Семениште, информира МВР.

Незгодата се случила во 19:15 часот меѓу патничко возило „БМВ“ со австриски национални ознаки, управувано од скопјанецот Х.И. (20) и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(39) од скопското село Буковиќ.

Тешко повреден е Н.А., а сопатникот од истото возило Ф.А. (37) и возачот на другото возило Х.И. се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.