Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал, а полицијата трага по професорот во пензија Ѓорѓи Спасов, Боби Илиевски и уште десетина други активисти на „една политичка партија“,  поради објави на нивните профили на Фејсбук.

Објавата  на Галетановски денеска се споделуваше на социјалната мрежа, а во неа, се повиквуаат гласачите кои сакаат да гласаат за „една партија“ да го чкртнат името „северна“ на гласачкото ливче.

Галетановски околу еден час давал исказ во полиција, откако бил пријавен од анонимно лице.

Овие лица, како што е наведено во објавите во повеќе медиуми, организирано на Фејсбук правеле измама со која граѓаните кои сакале да гласаат за „една политичка партија“, ги наведувале на потег со кој нивните гласачки ливчиња би биле неважечки.

– Денес Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувајќи по допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави со недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР Скопје. Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис превземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, се вели во реакцијата на МВР.