Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци.