Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, информираат од МВР, регистрирани се 559 прекршоци.