На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санкционирани се 68 возачи, 14 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас.

Како што соопшти МВР изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 43 за непрописно паркирани возила.

МВР најавува засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.