Во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли на МВР на територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу казните 15 се за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се прекршочни казни и за 15 пешаци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.