При акциска контрола на полицијата, вчера во Скопје санкционирани се 370 возачи и изречени се мерки за 62 неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР соопштија дека од изречените санкции 55 прекршоци се за пречекорување на дозволената брзина на движење, 62 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 54 за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за неносење на заштитна маска.
