На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции.

Како што информираа денеска од МВР од нив, 15 прекршоци направиле возачите на мотоцикли, а 19 се за возење без возачка дозвола.

– Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани возила, пет за недавање првенство на минување на пешаци, 52 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението од МВР.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.