Воз вчера прегази мигрант на железничката пруга Гевгелија – Скопје кај Демир Капија, соопшти МВР.

На 21 јуни 2019 година во 22:50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н.(мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.