Скопјанка на улица Македонија во центарот на Скопје вчера била нападната од куче скитник, а истиот ден напад од куче во полицијата пријавил и грчки државјанин.

На 21 јуни 2019 година во 12:50 часот во Полициската станица Центар З.З. (37) од Скопје, пријавила дека на улицата „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Исто така вчера, малку подоцна, во 14:25 часот во Полициска станица Центар Л.Л.(59) од Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил дека на плоштад Македонија, бил каснат од куче скитник.