Министерството за здравство, по инцидентот во Врапчиште каде наместо починатата мајка им било донесено тело на непознат маж, информира дека погребалните претпријатија, а не болниците го доставуваат телото на починатитеМ.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на МЗ:

„Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка.

Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19.

По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото.

Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот“, велат од МЗ.