ЈЗУ Клиничка болница Штип треба во рок од три дена да го извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип за утврдената фактичка состојба за спроведеното лекување на починатата пациентка од КОВИД-19 и околностите кои довеле до смртен исход.

По вчерашниот вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат директорот на ЈЗУ Клиничка болница Штип е задолжен веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет на здравствената установа.

– Решението во текот на вчерашниот ден од страна на ДСЗИ ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма. Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата, информираат од Министерство за здравство.

Независно од работата на Комисијата, се вели во соопштението, во текот на денешниот е инициран стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство.