Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Крстевски е новото засилување за МЗТ Скопје, откако денеска и официјално потпиша двегодишен договор со тимот од Аеродром.

Крстевски (30) кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчка Кавала. Веќе има две шампионски титули за себе (2009 и 2018 година).

Во текот на вчерашниот тимот на Ѓорѓи Кочов се засили со Кристијан Николов, а претходно нови договори со МЗТ потпишаа Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, додека во тимот за следната сезона ќе останат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.