1305.- Во Лондон бил погубен Вилијам Волас, легендарниот водач на Шкотска во борбата против Англичаните.

1754.- Роден е францускиот крал Луј Шеснаесетти, кој застанал на престолот во 1774 година. Тој бил последниот предреволуционерен монарх на Франција.

1775.- Британскиот крал Џорџ Втори објавил дека во колониите во Америка избувнал отворен бунт против британските власти.

1839.- Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазела Хонгконг кој од 1942 година станал независна колонија.

1863.- Умрел рускиот актер Михаил Семјонович Шчепкин, најзначаен уметник во тогашниот руски и светски театар, кој настојувал да ги објасни тајните на актерството и бил пример за многу генерации.

1888.- Во Лион, Франција, на прославата на Социјалистичкото здружение на новинарите за првпат била изведена „Интернационалата“, песна која станала химна на работниците од целиот свет. Текстот го напишал Ежен Потје, познат пролетерски поет, веднаш по пропаста на Париската комуна (1871) и тоа во времето додека се криел од полицијата, а музиката е на францускиот композитор и револуционер Пјер Дежејгер. Зборовите на „Интернационалата“ одекнувале во револуционерните борби на сите континенти како израз на пролетерските барања и стремежи.

1912.- Роден е американскиот филмски актер, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американецот во Париз“, „Танц на дожд“, „Гусар“, „Покана за игра“, „Хело, Доли!“.

1926.- Умрел американскиот актер од италијанско потекло Рудолф Валентино, најпопуларна филмска ѕведа во почетокот на 20. век. Филмови: „Четворицата јавачи на апокалипсата“, „Дамата со камелии“, „Шеик“, „Шеиковиот син“, „Крв и песок“, „Младиот раџа“, „Господин Бокер“, „Црн орел“.

1937.- Умрел Албер Русел, француски композитор. Компонирал оркестарски дела, камерна музика, соло-песни и друго. Роден бил на 5 април 1869 година.

1939.- Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишале спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзале за запирање на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекршила спогодбата и го нападнала Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година.

1962.- Американскиот телекомуникациски сателит Телстар за првпат емитувал телевизиски пренос на линијата САД – Европа.

1982.- Умрел бразилскиот филмски режисер, сценарит и продуцент Алберто де Алмеида Калканти. Филмови: „Ивет“, „Воз без очи“, „Капетан Фракас“, „Николас Никлби“, „Првиот џентлмен“, „Земјата е секогаш земја“.

1990.- Советската република Ерменија објавила независност, а Естонија ги започнала преговорите за одвојување од Советскиот Сојуз.

2007.- Во Приштина умрел Фарук Беголи, еден од најистакнатите албански актери, кој оставил свој печат на некогашната југословенска кинематографија во 70-ите и 80-ите години на 20. век. Роден бил во Пеќ, на 25 јануари 1944 година.

МИА