Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 25 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се очекува во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за десеттина степени.