На 2 јануари 1946 година македонските политички затвореници од затворот Касандра во денешна Грција, упатиле апел за помош до владите на СССР, на Велика Британија и на САД.

Во апелот од затворените Македонци, меѓу другото, се вели:

„Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција…“.

Затворот Касандра се наоѓал на истоимениот крак на полуостровот Халкидик.

Други настани на денешен ден:

На 2 јануари 1905 година над селото Кнежево, Kратовско, почнал Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО што траел до 7-ми јануари истата година.

(Подготви: Д. Г.)