Од 20.00 часот (18.04.2021) до 05.00 часот (19.04.2021) 22 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Вчера, како што веќе објавивме, и покрај секојдневните апели од власта до граѓаните за почитување на мерките, двајца пратеници од владејачкото мнозинство, позитивни на коронавирусот, дојдоа во Собранието на Република Македонија. Тоа предизвикува револт кај граѓанте кои секојдневно се казнувани за неносење маски на отворен простор, а на заразени пратеници им се дозволува присуство на седница.