Грчката Националната конфедерација за трговија и претприемништво оваа недела издаде детални инструкции за тоа како бизнисите и производителите во земјата можат да обезбедат трговска марка „Македонија” или „Македонец” за нивните производи, најмалку за 4.000 грчки бизниси, пишуваат грчките весници.

Ваквиот развој доаѓа во пресрет на неодамна потпишаниот билатерален договор меѓу Грција и Македонија, со кој Македонија треба да го промени своето уставно име во „Република Северна Македонија”.

Во моментов само 24 компании во Грција го регистрирале името „македонски” за своите производи на европско и меѓународно ниво.