Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, битката со корона вирусот ја загуби и 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа, кој што работел во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа.

Инаку во Сруга активни случаи со Ковид-19 се 12, од кои еден во Лабуништа.

Во меѓувреме, повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.

Посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.