Не мислев дека ќе стигнам толку далеку, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој денеска обезбеди пласман во финалето на Австралија опен и в недела ќе има шанса да го собори светскиот рекорд и да ја освои 21. грен – слем титула.

Надал обезбеди финале на првиот годинешен грен – слем турнир со триумфот над Италијанецот Матео Беретини со 6-3, 6-2, 3-6, 6-3.

За петто рангираниот тенисер на АТП листата ова ќе биде шесто финале на Австралија Опен и можност само втор пат да ја освои титулата во Мелбурн, по премиерниот успех во 2009 година.

Триесетипетгодишниот Надал досега во кариерата освои 20 грен-слем титули, од кои 13 на Ролан Гарос, четири на Ју-Ес опен, две во Вимблдон и една во Мелбурн. Ег

– Многу ми значи што се вратив во финалето овде. Не мислев дека тоа ќе можам да го постигнам и дека ќе добијам уште една шанса во 2022. Сега ќе се обидам да уживам во денешната победа и да дадам сè од себе в недела, изјави Надал.

Шпанецот за рекордната 21 грен – слем титула ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Русинот Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас.