Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој избори финале на УС опен рече дека во мечот за трофејот го добил најсилниот можен противник.
Во финалето, Надал ќе игра со Данил Медведев од Русија.
– Медведев зад себе има прекрасно лето. Победи во Синсинати, играше во финалето во Монтреал и Вашингтон, а сега и тука. Ова лето го игра најдобриот тенис во неговата кариера, па затоа тој е најсилниот противник што можев да го добијам за финалето. Како и да е, во натпреварот за трофеј на Грен слем турнирите не можете да очекувате лесен противник, изјави Шпанецот.
Мечот Надал – Медведев ќе се игра утревечер со почеток во 22 часот.