Еден од начините како да ги намалите штетните последици од високите летни температури по вашето здравје и расположение е токму правилната исхрана.

Реакцијата на телото на зголемената температура е снижување на телесната температура со потење. Како негативен ефект на тој природен телесен одбранбен механизам може да дојде до дехидрација на организмот и други несакани појави.

Со неправилна исхрана го зголемуваме потењето на организмот и со самото тоа зголеменото губење телесни течности, минерали и некои витамини. Варењето тешка храна изискува и поголема активност на метаболизмот, што индиректно ја зголемува и телесната температура.

Налето, генерално, треба да се внесуваат помалку калории, односно енергија што ја добиваме од храната, што е дополнителна причини зошто овој период треба да одбегнуваме масна и тешко сварлива храна.
Особено штетни намирници се:

-многу зачинети јадења
-печена, пржена и похувана храна
-масно месо и месни производи
-пијалаци со кофеин
-благо
-газирани засладени пијалаци
-претерано разладени пијалаци

Масната и тешката храна ја отежнува циркулацијата, така што потребно е како што температурата на воздухот се зголемува така да се намали со консумирање тешко сварливи јадења.

Наместо течности може да консумирате сезонско овошје и зеленчук, а најдобар избор се зелена салата, домати, краставица, лубеница, диња и јаболко. Овие намирници содржат во просек повеќе од 80% вода и пропорционална количина на минерални материи, така што служат и како вкусен извор на вода, но и на минерали, кои се губат со испарувањето, односно со потењето.

Корисно е да се консумираат намирници како што се мешунки, семки, нерафинирани масла, особено маслиново масло и помали количини на риба и морски плодови, кои ќе го нахранат организмот со квалитетни нутриенти.

Освен што ќе ви биде помалку топло, со ваквата исхрана можете и брзо да ја коригирате телесната тежина!