Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се урна станбена зграда во мароканскиот град Фес.
Сè уште се истражуваат причините за инцидентот, а жителите од околните згради се повикани да се евакуираат.
Кон крајот на минатата година во Фес, еден од најстарите градови во Мароко и популарна туристичка дестинација, се урнаа две станбени згради при што загинаа 22 луѓе.




