Ураганот Лесли кој протатни низ Португалија остави 300.000 домаќинства без струја во оваа земја на Пиринејскиот Полуостров, јави Би-Би-Си.

Британскиот сервис додава дека ветрот достигнал брзина од 176 километри на час. Претставници на одделот за цивилна заштита регистрирале 27 повредени, стотици искорнати стебла, а повеќе летови на аеродромите се одложени.

Станува збор за најсилно невреме кое било кога ја погодило оваа земја, а во овие моменти ураганот Лесли ги зафати северните делови на Шпанија.