Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска се повикани во Брисел на состанок поврзан со Брегзит, јави Ројтерс.

Се приближува датумот за објава на договорот помеѓу ЕУ и Велика Британија, поврзан со излегувањето на оваа земја од Европската унија.

Што е договорено помеѓу двете страни за Брегзит треба да биде заклучено до средината на идниот месец, кога се очекува на јавноста да и биде соопштено што ќе биде во натамошните политички односи. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск неодамна рече дека тоа ќе биде „моментот на вистината“ за Брегзитот.

Ројтерс јавува дека амбасадорите на членките на ЕУ во Брисел се повикани на состанок денеска попладне во врска со Брегзит. Главниот преговарач за Брегзит е Мишел Барние, а се очекува дека во текот на денешниот ден да се состане со британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб.

Претходно денеска Блумберг објави дека лидеритена ЕУ планираат да одржат кризен самит во ноември, за да договорат план за вонредна ситуација во случај Велика Британија од Унијата да излезе без договор, што е една од опциите која неодамна ја потврди и британската премиерка Тереза Меј, кога во обраќањето до јавноста рече дека е подобро од ЕУ да се излезе без договор отколку со лош договор.